Kонференција: „Спортски туризам – клучни аспекти и можности за развој“


На 26-ти ноември, од 12.00ч, во Конак – Попова Шапка, ќе се организира конференција на тема „Спортски туризам – клучни аспекти и можности за развој“, во организација на Фондација Претприемачки сервис за млади.


Конференцијата има за цел да развие нови партнерства кои ќе влијаат врз креирањето и прилагодувањето на практиките и политиките во спортскиот туризам, со институциите одговорни за планирање и развој на нови идеи преку примена и реализација на нови бизнис модели. Дополнително, конференцијата цели да мотивира воспоставување на практика на „лабораторија на иновации“ во спортскиот туризам, да се разменат добри практики и промовираат активностите и резултатите од учењето пред разни чинители во земјата. Идејата е да се поттикнат идните претприемачи од спортски туризам да се промовираат програмите за доживотно учење на наставници, обучувачи и спортски тренери, преку унапредување на нивните претприемачки вештини за развивање на иновативни бизнис модели за одржлив спортски туризам.

Конференцијата се фокусира на чинителите од спортскиот туризам – спортски професионалци, спортски менаџери, спортски волонтери, туристички оператори и професионалци, тренери, наставници, локални национални чинители, спортски клубови и федерации, итн.


Во прилог агенда на конференцијата:

12.00 – 12.10Регистрација на учесници   
12.10 – 12.30Официјално отворање: Унапредување и промоција на спортскиот туризам со цел одржлив и пристапен туризам  Софија Цали – „ПСМ Фондација“
12.30 – 13.00Подобрување на претприемачките вештини за развој на нови меѓусекторски професионални профили  Проф. д-р Ана Здравковска Илиевска – „МИТ Универзитет“
13.00 – 13.45Креирање на нови бизнис модели за одржлив спортски туризамМиле Јовановски – “Prespa Blue” Борче Стојчевски – “Hike it, bike it, Apple eat”
13.45 – 14.00Дискусија   
14.00 – 15.00Коктел и вмрежување   

Доколку има интерес од вашиот медиум за присуство на настанот, ве замолуваме најавете го вашето присуство на: 070 760 496


Видете следно

Ковачевски: Членовите на СДСМ ќе бидат одговорни да ја оценат работата на идното партиско раководство

Актуелниот кандидат за претседател на Социјалдемократскиот сојуз, Димитар Ковачевски пред членството на партијата во општина …