Конкурс за стипендии за кратки студиски престои во Велика Британија за 2021


Британскиот фонд за стипендии (British Scholarship Trust) доделува до шест стипендии за кратки студиски престои (од еден до три месеци) за млади истражувачи од Република Северна Македонија на соодветни високообразовни и научно-истражувачи институции во Велика Британија за 2021 година.

Стипендијата изнесува 900 фунти месечно за универзитети надвор од Лондон и 1.000 фунти месечно за институции во Лондон, за покривање на трошоците за сместување и исхрана. Патните трошоци се на товар на кандидатите.

Конкурсот ќе трае до 1 март 2021. Услови за конкурирање се завршени универзитетски студии од прв циклус со просечен успех над 8.00, одлично познавање на англискиот јазик, да не се постари од 30 години и да имаат обезбедена согласност од соодветна институција од Велика Британија за реализација на студискиот престој.

Потребните документи за пријавување заедно со пополнетата апликација (достапна на www.britishscholarshiptrust.org) треба да се поднесат во Министерството за образование и наука, на англиски јазик, на адреса: ул. „Св. Кирил и Методиј”  бр.54, 1000 Скопје, Одделение за меѓународна соработка во образованието и науката.

Повеќе информации може да се добијат на: www.britishscholarshiptrust.org или на мејлот: aleksandar.tutnovski@mon.gov.mk. хс/са/

Скопје, 5 јануари 2021 (МИА) 


Видете следно

Започна со работа консултативната група за реформи во системот за предучилишно згрижување и воспитание на децата

Консултативната работна група, формирана да го надгледува процесот и да дава предлози за подобрување на …