Концертен пијанист и наставник е „државен првак” по велосипедизам


Дуња Иванова, како претставник на Велосипедскиот клуб Енерџи од Скопје е годинешниот државен првак со освоени три први места на Државното друмско-ридско, Државното друмско – хронометар и Државното првенство во планински велосипедизам, а во организација и како дел од годишниот календар на Велосипедската федерација на Македонија. Титулата ,,државен првак” претставува највисокото признание во спортските кругови во текот на една календарска година.

Иванова по професија е концертен пијанист и наставник, воедно и доктор на науки по естетика и автор на неколку книги и публикации.


Видете следно

Иновативни производи кои ја одбележаа 2020 година

Големи пожари, политика, протести и КОВИД-19 се она што ја одбележа изминатата 2020 година. Сепак, …