Координативен состанок на работните групи за создавање стратегија за паметна специјализација


Со координативен состанок денеска почна работата на групите кои ќе ја создадат Стратегијата за паметна специјализација, која е во насока на развој на економијата, иновациите и евроитеграците на Република Северна Македонија. Како што соопшти Министерство за образование и наука, во работата учествуваат претставници од повеќе министерства, научни установи, институции и организации.

Министерката за образование и наука Мила Царовска на членовите на работните групи им посака успешна работа и рече дека очекува стратегијата да има практична примена во економската трансформација на земјава која, како што рече, треба да е базирана на знаења, но и на истражувања и иновации како база за економски раст и развој.


– Стратегијата е од огромен интерес за Република Северна Македонија и има единствена цел да поттикне економски развој, да поттикне отворање нови работни места и да ја зајакне интерсекторската и интеринституционалната соработка со владиниот сектор. Пред нас и пред вас како координатори на овој процес е една од најкомплексните фази на паметната специјализација – процесот на претприемничко откривање во владиниот сектор, бизнис-сектор, научно-истражувачки и граѓански сектор, истакна Царовска.

Како што информира МОН, Царовска потенцираше дека Министерството за образование и наука, исто како и Министерството за економија, во многу сегменти се дел на единствена политика на економски развој, во овој случај пресликана во Стратегијата за паметна специјализација, која има директен удел и во двете преговарачките поглавја, 20 и 25, во процесот на пристапување кон ЕУ поврзани со индустриската политика и истражувањето и иновациите.


– На координативниот состанок министерката им се заблагодари за поддршката на партнерите во овој важен процес, како што се Светска банка, ГИЗ, Швајцарскиот проект ИМЕ, посочува МОН во соопштението. хс/дма/

Скопје, 29 ноември 2021 (МИА)



Видете следно

Зимска распродажба во Скопје Сити Мол

Сите сме возбудени за големите зимски попусти кои се веќе тука. Време е за уживање …