Кошмар на Milano Fashion Week: 2 € милијарди загуби од закочените чевли од Русија


Кошмарот на Milano Fashion Week е Русија – италијанската модна индустрија и производители на чевли се на пат да загубат 2 милијарди евра од прекинот на извозот за земјата. Ова го пишува австрискиот весник Der Standard.

Според Националната асоцијација на производители на чевли на Италија Assocalzaturifici, европските санкции против Русија може да ја запрат работата на околу 400 фирми. Според податоците на италијанскиот бизнис за првото полугодие извозот на текстил кон Русија се намалил за цели 10%.

Истовремено Русија не е против да инвестира во модниот сектор на Италија. Според изданието руската државна банка “Внешторгбанк” планира да се здобијат со 60% oт модната куќа на Роберто Кавали за 500 милиони евра.

Der Standard потсетува дека Кавали за првпат објави за својата намера да го продаде својот удел во модната империја уште пред неколку години, но досега ниту една од понудите не одговарала. Една од причините е недостатокот на интерес за модата од страна на наследниците на Роберто Кавали.

 


Видете следно

Општина Кисела Вода продолжува да работи во насока на справување со вирусот „Ковид – 19.

Денеска согласно владините мерки Општината објави Јавен повик за online работа за достава на неопходни …