Косово е пред финансиски колапс


Косово е загрозено од финансиски колапс, ако институционалната криза трае до крајот на годината, сметаат косовските економски експерти, кои изразуваат голема загриженост од сегашната ситуација.

„Политичкиот ќор-сокак е голема пречка за економскиот развој на земјата. Ако оваа ситуација продолжи, ќе има големи буџетски проблеми. Ако парламентот не биде основан, ќе има проблеми со извршување на плаќањата во 2015 година. Ако не биде донесен буџетот за следната година, ќе произлезат сериозни проблеми со реализацијата на големите проекти”, сметаат економистите.

Косовското Министерство за финансии смета дека нема да се појават проблеми, бидејќи законите даваат можност да се реализираат неопходните буџетски планирања и без ребаланс на годишниот буџет и усвојување на буџетот за следната година.

Извори од министерството изјавија за “Коха сот” дека се работи за усвојување на буџетот врз основа на Законот за управување со јавните финансии. Ако институциите не бидат основани, законот предвидува да биде изменет соодветен член кој ќе предвидува во 2015 година да се сфати распределбата на буџетот, идентично со она од 2014 година. Претставници на Министерството изјавија дека планираниот буџет за следната година е 1,6 милијарди долари.

 


Видете следно

Агенцијата за храна и ветеринарство донесе Решение за воведување на заштитни, контролни и дополнителни мерки

Агенцијата за храна и ветеринарство донесе Решение за воведување на заштитни, контролни и дополнителни мерки, …