Коста Ивановски, CFA назначен за нов член на Управниот одбор на Сава пензиско друштво АД Скопје


Според последните промени во органите на управување на Сава пензиско друштво АД Скопје, Коста Ивановски, CFA е назначен за нов член на Управниот одбор. Тој е дел од Сава пензиско друштво а.д. Скопје од ноември 2011 година, како Управувач со портфолијата на пензиските фондови, а од декември 2016 година ја вршеше функцијата Директор на Секторот за инвестиции. Севкупно тој има повеќе од 16 години професионално работно искуство на глобалниот и локален пазар на капитал. Тој  e Овластен финансиски аналитичар (Chartered financial analyst) и член на CFA Institute од Соединетите Американски Држави и Магистер по европска економија и меѓународни финансии на факултетот „Тор Вергата“ во Рим, Италија. Неговото работно искуство опфаќа сегменти на старателски услуги со хартии од вредност, инвестициско банкарство и управување со пензиски фондови.

Управниот одбор на Сава пензиско друштво сега има вкупно три члена, каде покрај Коста Ивановски, CFA членуваат д-р Петар Талески, FRM и Мира Шекутковска која воедно е и Претседател на управниот одбор.

Сава пензиско друштво АД Скопје управува со Отворен задолжителен пензиски фонд Сава пензиски фонд и Отворен доброволен пензиски фонд Сава пензија плус, кои се дел од капитално финансираното пензиско осигурување во Р.С. Македонија.

Друштвото, неговите акционери и членовите на пензиските фондови очекуваат приклучувањето на млади, високо стручни лица, со експертски лиценци и знаења од областа на управувањето со средства и управувањето со ризици во новиот состав на Управниот одбор да придонесе за натамошен развој на професионалниот тим, што веќе 14 години се гради во Сава пензиско друштво а.д. Скопје.


Видете следно

ДОДЕЛЕНИ СЕРТИФИКАТИ НА КАНДИДАТИТЕ КОИ УСПЕШНО ГИ ЗАВРШИЈА ОБУКИТЕ ЗА ПРОЕКТИРАЊЕ И ИНСТАЛИРАЊЕ СИСТЕМИ ЗА КОРИСТЕЊЕ ЕНЕРГИЈА ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА ВО ГРАДБИ

Денес, 17.9.2019 година, во Стопанската комора на Македонија, како резултат на успешно спроведени пилот-обуки во …