Коста Митровски е новиот претседател на МАКЕДОНСКАТА БАНКАРСКА АСОЦИЈАЦИЈА


На 20 април 2018 година во Скопје се одржа Основачко собрание на Здружение за остварување на заеднички интереси на банките и унапредување на нивното работење, МАКЕДОНСКА БАНКАРСКА АСОЦИЈАЦИЈА. 

Здружението на банкарството, делувајќи како стручен облик на организирање и работење во рамките на Стопанската комора на Македонија,  во досегашниот период оствари значителни резултати во унапредувањето на најдобрите банкарски стандарди во Република Македонија, тргнувајќи од интересите на сите негови членки како и интересите на финансискиот систем и економијата на Република Македонија.

Како  придружен член во Европската Банкарска Федерација со перспективи за полноправно членство во рамките на процесот на евроинтеграции на Република Македонија, Здружение на банкарство имаше неминовна потреба од трансформација во самостоен правен субјект по примерот и искуствата на сите останати земји, како од ЕУ, така и од нашиот регион. Здружението на банкарството го продолжува своето работење како самостоен правен субјект, Здружение за остварување на заеднички интереси на банките и унапредување на нивното работење МАКЕДОНСКА БАНКАРСКА АСОЦИЈАЦИЈА.

Основачи на МАКЕДОНСКАТА БАНКАРСКА АСОЦИЈАЦИЈА се правни лица – 15 банки и 2 штедилници основани во Република Македонија, кои работат согласно одредбите од Законот за банките и поединечните акти донесени од гувернерот на Народната банка на Република Македонија.

За Претседател на МАКЕДОНСКАТА БАНКАРСКА АСОЦИЈАЦИЈА во наредниот  4 годишен период едногласно беше избран г. Коста Митровски, Главен извршен директор и Претседател на Управен одбор на Универзална Инвестициона банка АД Скопје.

За заменик-Претседател беше избран г. Тони Стојановски, Генерален директор за управување со ризици и член на Управен одбор на Стопанска Банка АД Скопје.


Видете следно

Потпишан нов меморандум за соработка: Регулаторните институции на финансискиот систем ќе ги зајакнат активностите за подигнување на нивото на финансиска писменост и ќе започнат активности за подобрување на финансиската инклузија на населението

Регулаторните институции на финансискиот систем на земјава ќе ги зајакнат активностите за подигнување на нивото …