Костадинов: Поднесени 300 кривични пријави против кадри на ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво, предметите мора да добијат правен епилог


Вчера портпаролот и пратеник Костадин Костадинов на прес конференцијата на СДСМ, соопшти дека од 300 кривични пријави, досега се процесирани 129 кривични пред надлежни судови

„По демократските промени, на локално, општинско ниво од страна на градоначалници, општини и други надлежни институции до денес поднесени се речиси 300 кривични пријави против поранешни градоначалници, претседавачи на совети и раководители на локално ниво, кадри на режимскатаВМРО-ДПМНЕ.

Од 300 кривични пријави, досега се процесирани 129 кривични пред надлежни судови.

Но, опструкциите на последните остатоци на заробената држава во судството и обвинителството, многу предмети ги чуваат заглавени во судско-обвинителските лавиринти.

Структурите од сваровски судството ја опструираат правдата на секое ниво.

Ова е само уште еден доказ за потребата од прочистување и темелни реформи во правосудството.

Надлежните обвинителства и судови мора да ја зголемат својата ефикасност и да постапуваат по отворените предмети. Ова е важно затоа што се работи за висока корупција каде се инволвирани носители на јавни функции.

Процесите мора да добијат правен епилог, правдата мора да биде задоволена, а секој оној за кој ќе се докаже дека сторил криминал, да одговара.

Нам ни треба судство кое ќе испорачува правда, а нема да застарува дела и да ја попречува правдата.

Бројот на поднесени и процесирани кривични пријави го покажува степенот на криминал во ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво.

Истовремено, покажува дека нема разлика помеѓу ВМРО-ДПМНЕ на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ на Христијан Мицкоски. Нема разлика помеѓу ВМРО-ДПМНЕ на централно и ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво.

Тоа е истата режимска, криминална матрица која нуди само одбрана на криминалот и која уште еднаш мора да биде поразена.

Последните бастиони на неправдата, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски на 12 април ќе бидат поразени од граѓаните“, вели Костадинов!


Видете следно

Ангеловска-Бежоска за СБС: Девизните дознаки од иселениците важни за македонската економија

Скопје, 5 август 2020 (МИА) – Девизните дознаки од иселениците и лицата на привремена работа во странство …