Breaking News

Ковачевски: Да се почитуваат правата и способностите на секој поединец, без дискриминација и стигматизација


Премиерот Димитар Ковачевски денеска, преку својот фејсбук профил, испрати порака по повод Светскиот ден за подигање на свеста за аутизмот, 2 Април.


-Сите ние сме различни. Се разликуваме по боја на очи, висина, пол. Се разликуваме по карактер, вештини, стравови, омилени нешта. И на случувањата околу нас секој може да гледа различно. Денеска, на 2 април, Светскиот ден за подигање на свеста за аутизмот, испраќам порака за почитување на правата и способностите на секој поединец и избегнување на дискриминација, етикетирање и стигматизација, наведува Ковачевски.


Тој истакнува и дека Влада што ја предводи, посветено работи на системски промени за социјална инклузија и прифаќање на различноста. мч/