Breaking News

Ковачевски – Гир: Потребна е кохезија околу европската стратешка цел


За Северна Македонија 2023 година е значајна во однос на напредокот по европскиот пат, поради што е неопходна и кохезија околу реализацијата на оваа државна стратешка цел, констарирале на денешната средба премиерот Димитар Ковачевски и шефот на Делегацијата на ЕУ во земјава Дејвид Гир.
На состанокот е разговарано за актуелни прашања од значење за земјава, регионот и пошироко, во европски контекст, соопшти владината прес-служба.


Оценето е дека геополитичката ситуација ја покажа потребата од јасна политичка ориентација на целиот Западен Балкан, каде што географски и припаѓа регионот. Дека за ова постои свесност и во Европската Унија и после 17 години од кандидатскиот статус и јулското отворање на преговорите лани, ова е момент што Република Северна Македонија годинава не треба да го пропушти.


Премиерот Ковачевски нагласи дека Владата работи на справувањето со предизвиците од економско-енергетската криза, на потребните реформи и со европски начин на однесување во добрососедските односи.

Ковачевски изрази уверување дека нема да се дозволи, провокациите коишто доаѓаат од трети страни да наштетат на европската агенда на државата и на билатералните односи со Република Бугарија.


На средбата е разговарано и за досегашната успешна реализација на билатералниот скрининг со ЕУ.са/

2023-01-24 11:54:25, од Сашо Арсовски