Breaking News

Ковачевски: И во кризни услови наша задача е да мислиме на отворање нови, но и подобро платени работни места


Во време на најголемата енергетска криза, Северна Македонија ја има најдобрата година во технолошко-индустриските развојни зони (ТИРЗ), рече денеска пред пратениците премиерот Димитар Ковачевски. Тоа, напомена, е голем успех, а задача на Владата е и во кризни услови да мисли на отворање нови, но и на подобро платени работни места.


Ковачевски низ бројки ги соопшти резултатите од инвестициите минатата година, напоменувајќи дека и оваа година ќе продолжи силната поддршка од државата.


-И во овие кризни услови наша задача е да мислиме на отворање нови, но и подобро платени работни места. Тоа го правиме и тоа го покажува работењето на ТИРЗ кои согласно планот за економски раст имаат најголем извоз во однос на сите изминати години и најголем број отворени работни места. Во време на најголемата енергетска криза, ние ја имаме најдобрата година во ТИРЗ-овите што е голем успех. Минатата 2022-ра ја завршивме со 2 300 нови работни места и над 430 милиои евра нови инвестиции, а во октомври лани ја надминавме и највисоката граница за извоз од три милијарди евра постигнат во 2021 година, рече Ковачевски и посочи дека во зоните работат 16 300 македонски граѓани.

 


Според него, извозот од зоните лани достигна 3,7 милијарди евра, а првичните анализи покажуваат дека на секој еден денар вложен од државата компаниите вратиле четири денари во Буџетот.

-Трендот на повеќе странски компании кои вложуваат тука е можност за нови работни места. Сето тоа влијае и врз растот на просечната плата во државата која прв пат надмина 33 000 денари. Оваа Влада го знае вистинскиот пат за економски раст и развој. Но, ова е само почеток. Дојде време Северна Македонија да напредува. Земјата има европска перпсектива и јас од патот кон ЕУ не отстапувам Северна Македонија може да бележи економски раст и мпже да биде меѓ почитувана да негува добросос односи, д апрактикува евр законодавство, членка е на НАТО а заложбата е што поскоро да влезе во ЕУ, заклучи премиерот.


Тој нагласи и дека покрај успешните резултати во ТИРЗ, лани беа исплатени рекордни 23 милиони евра кон 140 фирми по Законот за финансиска поддршка на инвестициите.

-Забележано е зголемување од 79 отсто на исплатена финансиска поддршка од 12,9 милиони на 23 милиони евра. Овие компании во 2021 година имаат отворено 2 000 работни места, а вкупно вработуваат 27 431 лице, потенцира Ковачевски, одговорајќи на прашање од пратеничката Лидија Тасевска. мч/бак/


 

2023-01-26 14:28:43, од Мирјана Чакарова