Ковачевски најави удвојување на економскиот раст и раст на БДП до 5 отсто


Создавање поголем и одржлив раст на економијата во следните две и пол години е главен фокус на новата влада, истакна претседателот на СДСМ и мандатар Димитар Ковачевски во експозето во Собранието.

-Клучна цел на економската политика на Владата ќе биде креирање поголем и одржлив раст на економијата и пораст на БДП со удвојување на стапките на економски раст на среден рок и тоа од 2,5%, на 5% просечен раст. Ова ќе го постигнеме преку зголемувањето на домашните и странските инвестиции, инвестиции во јавни и приватни проекти, како и значајно зголемување на ефикасноста во реализацијата на капиталните инвестиции, посочи Ковачевски.


Тој истакна дека во периодот што претстои главен предизвик во економијата и натаму останува соочувањето со негативните ефекти од пандемијата и енергетската криза.ир/дма/
Скопје, 15 јануари 2022 (МИА)


Видете следно

Скопски моден фестивал: Премиера на првата сезона во март

Оваа пролет ќе се означи почетокот на најголемата модна манифестација во македонската метропола. Наспроти класичните …