Breaking News

Ковачевски: Најдобриот одговор на ВМРО-ДПМНЕ за коридорите дојде од Американската амбасада


Најдобрата потврда за тоа дека изградбата на коридорите е инфраструктурен проект правен согласно со закон, со сите процедури запазени со Специјален закон донесен овде во Собранието без ниту еден глас, дојде од тие кои што ги повикувавте да одговорат, односно од Американската амбасада, изјави денеска во Собранието премиерот Димитар Ковачевски.


-Сите оние лаги, хистерии што се прават во медиумите, целото тоа кочење кое што се обидувате да го правите за жал не даде никаков резултат освен што фрла дамка врз најголемиот светски конзорциум кој што не само што има изградено во регионот најголеми патишта, туку и пошироко од регионот, рече Ковачевски.


Премиерот не одговори на прашањето на пратеникот Бојан Стојановски за тоа дали е точно дека платите на четворица консултанти за коридорите се по 35. 000 евра.

 Ковачевски осврнувајќи се на економскиот аспект од изградбата на коридорите повтори дека станува збор за стратешки проект од национален интерес, кој ги поврзува градовите, но и нашата држава со околните со модерна патна инфраструктура.


 Според премиерот, никогаш во државата коридорите 8 и 10д ниту биле планирани да се прават ниту биле ставени со проект на хартија и затоа државата до сега беше кружен тек на  Балканот, а со нивната изградба ќе стане раскрсница на Балканот.

-Тоа значи модерно поврзување и со пристаништето во Драч и со пристаништето во Бургас бидејќи до сега монопол имаше Солунското пристаниште преку Коридорот 10.


Изградбата на овој проект исто така има огромни придобивки за македонската економија, прво проектот значи нови 8. 000 работни места за проектирање и изведба на трасите од двата коридора, 1.

3 милијарди евра инвестиции кои што ќе предизвикаат номинален раст на БДП од најмалку 2% на годишно ниво во наредните 5 години, посочи Ковачевски.


Тој истакна дека со законските измени и новиот систем на градба, ќе се избегнат случаи на нефункционалност, која се случуваше со изградбата на автопатот Кичево – Охрид. ев/аа/ФОТО: МИА Архива  .

Извор: МИА