Breaking News

Ковачевски смета дека Министерството за здравство треба да има поинтензивни активности за новата штипска Клиничка болница


Активностите на Министерството за здравство треба да бидат понитензивни за да се најде решение за изградба на новата Клиничка болница во Штип, смета премиерот Димитар Ковачевски, кој денеска беше по посета на Универзитетот „Гоце Делчев” (УГД)-Штип.


Тој посочи дека за решавање на овој проблем е разговарано и на седница на Влада, бидејќи како што вели, секое одложување на ваков населеден проблем не го олеснува, туку го усложнува проблемот заради растот на цените на градежните материјали.


-Зградата стои и веројатно после толку години ќе треба да се изработи и ревидиран проект, бидејќи самата опрема која била пред седум години планирана, денеска таква опрема сигурно и по габарит е помала и по функционалност и заради тоа треба да биде направено. Меѓутоа причините се што во тоа време бил избран изведувач, ко јшто заради најразлични причини, а сите ги знаеме причините, не е во можност да функционира, ниту постои, а потоа и низ судските лавиринти доаѓа до некакво порамнување и сега имаме некоја појасна слика со кого треба да се преговара и да се продолжи, вели Ковачевски.

Според податоците на Министерството за здравство, кои МИА ги објави претходно новата зграда на Клиничка болница-Штип е изградена околу 40 проценти. вдј/сст/