Ковакс со план за испорака на третина од милијарда вакцини против Ковид-19 до средина на годинава


Меѓународната програма за споделување вакцини „Ковакс” има за цел да испорача третина од милијарда дози вакцини против Ковид-19 до средината на годината. Тоа го најави на форумот на Светска банка, Сет Беркли, директор на ГАВИ.

Програмата испорача скоро 38,4 милиони дози вакцини во 102 држави на шест континенти, шест недели откако почна да издава залихи.


Говорејќи на истиот форум, Нгози Оконџо-Ивеала, генерален директор на Светската трговска организација, нагласи дека земјите во развој кои извезуваат стоки се соочуваат со голем скок на цените, а туризмот пропаднал во пандемијата.

На светот му треба финансиска рамка за подготвеност и одговор на итни случаи и мора да ги држи отворени синџирите на снабдување за подобро да ги заштитиме економските системи, наведе таа. зш/

Женева, 10 април 2021 (МИА)


Видете следно

Во пресрет на сезоната на можни пожари на отворен простор во државата – координативен состанок за превенција

Во пресрет на сезоната на можни пожари на отворен простор во државата, денеска, (11.05.2021), под …