Креативниот маратон Rethink повторно ќе ги предизвика младите да создадат иновативни решенија за 3 Македонски компании!


На креативниот маратон Rethink 2019, 50 млади креативци ќе имаат уникатна можност да работат на реални бизнис проблеми за македонските компании. Темата на тридневниот настанот е Rethink the future of digital customer experience (Индината на дигиталното корисничко искуство) и учесниците, ќе креираат концепт решенија за подобрување на дигиталната комуникација на компаниите. Тридневниот настан ќе се одржи од 20ти до 22ри Септември во просториите на Иннофеит.

Настанот е наменет за сите млади креативци од сферите на информатичките технологии, е-бизнис, маркетинг, финансии, менаџмент и дизајн. Педесетте избрани учесници, организирани во мултидисциплинарни тимови, ќе имаат можност да работат на еден од предизвиците на Македонските компании кои го поддржуваат настанот: Охридска Банка Сосиете Женерал, Магнетик и Дона. Тие ги поставија следниве предизвици:
1. Менување на финансиските навики на младите преку Big Data и AI
2. Пронаоѓање на нови начини за собирање и употреба на корисничка дата преку дигитални канали со цел да се зголеми продажбата во модната индустрија
3. Креирање на стратегија за дигитална комуникација со корисниците на глобалниот пазар.

Учеството на овој настан е бесплатно и сите креативни млади луѓе кои сакаат да учествуваат можат се пријават тука, најдоцна до 16 Септември.

Учесниците ќе работат со искусни фасилитатори кои ќе ги водат низ сите активности за време на настанот, и со ментори од различни сфери чии совети ќе им помогнат да креираат уште подобри решенија. Вкупниот награден фонд за овогодишниот Rehtink е 1500 € и секое од победничките решенија ќе биде наградено со 500 €. Тоа значи дека на Rethink овој пат ќе има три тимови-победници!

Rethink го организира Солвео, првата агенција за стратешки дизајн и иновации во Македонија. Преку партнерства со иновативни компании од регионот, Солвео сака да го поттикне креативниот дух кај младите, и да им даде можност да ги остварат своите амбиции и цели. На тој начин, ги поместува границите на иновативноста во Македонија и вложува во младите луѓе кои се иднината на нашата држава. За да го искусите овој нов начин на работа и сработка, пријавете се за учество на Rethink 2019 ТУКА!



Видете следно

Димковски: Со конкретни мерки ги поддржуваме малите производители на традиционални земјоделски производи

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, денеска присуствуваше на отворањето на прв „Слоуфуд …