Кредити од Комерцијална Банка за агроиндустрискиот сектор


Комерцијална банка АД Скопје во соработка со УСАИД воведе нова кредитна линија наменета за микро, мали и средни приватни друштва, задруги и фарми во Македонија и за инвестиции во земјоделството. Кредитната линија ќе обезбедува средства и за проекти поддржани од ИПАРД и проекти под Националната програма за рурален развој на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Средствата за кредитот можат да се користат за основни средства – инвестиции и за овој кредитен производ бараната покриеност на пласманите со вредноста на обезбедувањето ќе биде пониска споредбено со стандардните барања на Банката. Максималниот износ на кредитот е до 500.000УСД, со рок на отплата до 10 години и грејс период до 2 години.


Видете следно

Гејтс: Лекот и вакцините не треба да бидат достапни само за оние што ќе платат

Милијардерот Бил Гејтс денеска апелираше лековите за Ковид-19 и потенцијалната вакцина да бидат достапни на …