Крие ли Google даноци?


Извршниот претседател на американската технолошка корпорација Google Ерик Шмит, изјави дека компанијата ги исполнила целосно законските барања за исплата на сите нерешени даноци во Велика Британија, пренесе “BBC”.

Google платила околу 10 милиони фунти данок на доход за периодот 2006 – 2011 година, а забележале приходи во износ од 11,9 милијарди фунти.

“Она што ние го правиме е сосема легално. Јас сум премногу збунет од овие дебати кои постојат веќе извесно време”, изјави поранешниот извршен директор на Google.

“Ако даночниот систем на земјата се промени, тогаш ние сме подготвени да се усогласиме со тоа. Ако износот на данокот се зголеми, ние ќе плаќаме повеќе, ако се намали, ќе плаќаме помалку”, рече Шмит. Тој додаде дека “политичарите, а не компаниите се оние кои ги дефинираат правилата”

Google, чија продажба трпи целосен пораз во Ирска, е една од најкритикуваните компании, поради можното минимизирање на даночните износи кои компанијата ги плаќа на Островот.


Видете следно

РАКУПЕН – ОНЛАЈН ПРОДАВНИЦА КОЈА Е СПОЈ НА ПРОДАВАЧИТЕ И КУПУВАЧИТЕ

Се на едно место – Ракупен.мк Купувањето онлајн и дигитализацијата одамна се реалност во светот. …