Крим ќе стане специјална економска зона


Според рускиот премиер Дмитриј Медведев во Крим треба да биде формирана специјална економска зона / СИЗ /, пренесува ИТАР -ТАСС.

Откако ги решиме тековните проблеми во Крим ќе мора да размислуваме за долгорочен развој, објасни Медведев за време на специјалната социјалноекономска средба за поддршка на Крим и Севастопол. Според него за новите региони на Русија треба да се има дополнителни параметри.

Вицепремиерот Дмитриј Козак ќе одговара за развојот на автономната република Крим и сојузниот град Севастопол. Ако Крим биде прогласен за специјална економска зона, слично на Калининград, таму најверојатно ќе бидат воведени даночни олеснувања за големите инвеститори, пишува Ведомости.

Медиумите потсетуваат дека СИЗ во Калининград дејствува од 1996 и во првите 6 години жителите на регионот не плаќале даноци за имот и добивка.


Видете следно

Кој е новиот починат пациент од коронавирус ?!

Министерството за здравство информира дека утрово на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во …