Кристијан е мојот борец: Не постои пишан збор кој ќе може да ја искаже мојата благодарност


Весна, мајката на Кристијан, за кого цела Македонија собираше средства за лекување, објави емотивна порака:

„Почитувани познати и непознати ЛУЃЕ во вистинска смисла на зборот.
Сакам да упатам НАЈГОЛЕМА БЛАГОДАРНОСТ ДО СИТЕ граѓани на Република Македонија, македонците од дијаспората и сите луѓе од целиот свет што дониравте а со тоа помогнавте да ги собереме потребните средства за да може Кристијан да замине на лекување во Истанбул.
Исто така би сакала да ве информирам дека секогаш работите не одат како ние што посакуваме, зошто да биде ЕДНОСТАВНО кога може да биде КОМПЛИЦИРАНО, па така првата интервенција мораше на кратко да се одложи затоа што Кристијан има проблем со коагулација на крвта.
Но Кристијан е мојот борец
Знам дека ќе ја победиме секоја препрека и ќе му докажеме дека вредеше многу повеќе, благодарение на СИТЕ ВАС.
Моја ДОЛЖНОСТ е благовремено да ве информирам за сите понатамошни збиднувања, зошто БЕЗ ВАС оваа мисија едноставно ќе беше невозможна.
Се надевам дека на крај се ќе биде како што треба и кога ќе се вратиме ќе може сите заедно да прославиме.
Се надевам дека тогаш Кристијан ќе биде нашиот почесен гостин кој лично ќе може ви се ЗАБЛАГОДАРИ.
Не постои пишан збор кој ќе може да ја искаже мојата благодарност, што и да се каже ќе биде премалку освен да посакам ЗАЕДНО да продолжиме да помагаме таму каде што е најпотребно зошто заедно сме НАЈСИЛНИ и само заедно МОЖЕМЕ и невозможното да го направиме возможно“-пишува таа.


Видете следно

Основното јавно обвинителство Велес поднесе обвинителен акт за фалсификување американски долари во Кавадарци

Основното јавно обвинителство Велес, по темелно спроведена истражна постапка и прибавување на обемен број докази, …