Кривична пријава против за лице за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги


Секторот за внатрешни работи Скопје, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Ќ.А.(34) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, казниво по член 215 од Кривичниот законик на Република Македонија.

На 17.08.2018 година, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот кај пријавениот во Скопје. При претресот биле пронајдени четири полиетиленски пакувања со наркотична дрога хероин со вкупна маса од 186,84 грама хероин, една дигитална вага со остатоци од хероин и една сим картичка со остатоци од хероин.

 


Видете следно

Заев бил сниман од Александар Верушевски на ручек во Струмица во 2016

Лидерот на СДСМ Зоран Заев, денеска одговорајќи на новинарско прашање кој го снимал на еден …