Kризата удри и на шампањското


Уште една година на економски проблеми и висока стапка на невработеност кој ја намали склоноста на луѓето кон шампањ во Европската Унија. Од друга страна, пак, во другите пазари, особено во Јапонија и САД, продажбата на шампањ е во пораст, според Француската национална асоцијација на одгледувачи и производители на вино.

Во првите девет месеци од 2012 година продажбата на шампањ во Франција е намалена за 4,9 проценти, а во остатокот од ЕУ за пет отсто во споредба со истиот период во 2011 година, пренесува АП.

Французите помеѓу 1 ноември минатата година и 31 октомври оваа година, сепак успеја да испијат 175.700.000 шишиња шампањ или речиси три шишиња за секој маж, жена и дете. Потрошувачката сепак, беше околу 10 милиони шишиња помала отколку во соодветните претходни периоди. За споредба, во САД во 2010 година потрошувачката е околу 1,5 шишиња шампањ по лице.

Францускиот извоз на шампањ во првите три квартали се зголеми за три проценти. Во САД во текот на овој период беа извезени 19,4 милиони шишиња, а во Јапонија 7,9 милиони шишиња. Тоа се само две земји надвор од Европа, вклучувајќи ги првите светски седум потрошувачи на шампањ.

Како како голем потенцијал на пазарот се јавува и Кина, иако тоа е врз основа на податоците за 2011 година. Таа го зафаќа деветнаесеттото место меѓу увозниците на француски шампањ. Повеќето кинези не прават разлика помеѓу вистински шампањ и пенливи вина. За најдобар шампањ во ексклузивните акции, во Кина треба да се одвои 7800 јуани (1.250 долари), додека најдоброто пенливо вино чини само 268 јуани (43 долари)


Видете следно

Претседателот Пендаровски се обрати на отворањето на форумот на поранешни алумни на Маршал центарот

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска во Охрид се обрати на отворањето на …