Круна на успешната презентација и настап на Охрид трчаТ на Маратонот во Љубљана беше приемот во Амбасадата на нашата земја во Словенија


Круна на успешната презентација и настап на Охрид трчаТ на Маратонот во Љубљана беше приемот во Амбасадата на нашата земја во Словенија. Експедицијата од Охрид трчаТ разговараше со амбасадорката Сузана Зеленковска која изрази голема благодарност за учеството под македонската знаме на еден од најстарите маратони на Балканот.

Амбасадароката најави дека ќе разгледа можности за промоција на охридскиот полумаратон и соработка во областа на спортскиот туризам, кој зема се поголем замав во светски рамки. Таа истакна дека ќе се заложи за воспостатување на авионска линија Охрид – Љубљана и продлачување на соработката.

Охрид трчаТ учествуваше на сите трки кои се одржаа во склоп на маратонот во Љубљана и се покажаа во вистинско светло. Најмладите се забавуваа на трката од 3 километри, а вистински предизвик за охриѓани и екипата беше полумаратонот од 21 километар.

За потсетување, Охрид трчаТ од следната година ќе биде побогат со полумаратон (21 километар) кој на уште едно ниво ќе ја подигне спортската манифестација број еден во Македонија.


Видете следно

МТСП: Да се ослободат од работа лицата со попреченост кои одат со придружба

Министерството за труд и социјална политика информира дека Владата донесе заклучок со кој се задолжуваат …