Фото: Википедија

Крушево со повик за категоризација на сместувачките капацитети


Крушево, 2 јуни 2020 (МИА) – Крушево ги повикува сопствениците на сместувачки капацитети да се категоризираат и да се прекатегоризираат доколку категоризацијата е истечена за да може да користат ваучери кои ќе ги доделува Владата преку Министерството за економија.

Како што објаснува крушевскиот градоначалник Томе Христоски, сите сопственици на сместувачки капацитети може да бидат корисници на ваучери и оваа владина мерка е за помош на угостителскиот сектор и за справување со последиците од кризата со коронавирусот. Туризмот е најпогодена гранка и најголемата надеж е во привлекувањето на домашните туристи.

Инаку, мерката предвидува сите вработени граѓани кои имаат приходи, а не надминуваат 15 000 денари месечно, може да добијат ваучер од 6 000 денари кој ќе може да го искористат во домашните туристички објекти, но и платежна картичка од 3 000 денари која ќе може да ја користат во сите угостителски објекти во државата.

Од крушевската локална самоуправа информирата дека барањата за категоризација и прекатегоризација на сместувачките капацитети ќе може сите да ги пронајдат на општинската интернет-страница.


Видете следно

„ДУНА”: Апликацијата за изборниот процес функционира нормално, сајтот на ДИК беше хакиран

Апликацијата поврзана со изборниот процес функционира најнормално, но страницата на Државната изборна комисија беше цел …