КСС со тридневна обука за безбедност и здравје при работа


Денес на 26.01.2021, Конфедерација на слободни синдикат на Македонија – КСС заедно со Македонското здружение за заштита при работа – МЗЗПР со поддршка од проектот „Зајакнување на социјалниот дијалог“, проект што го финансира Европската унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот, започна тридневната обука – работилница за припадниците на Безбедност и здравје при работа – БЗР.
Обуката ја водат експерти од областа на БЗР, дел од предавањата ќе ги води проф. др. Агим Шакири експерт во полето на БЗР и учесник во изготвување на првиот закон во Македонија за БЗР.

Оваа работилница се одвива преку интернет платформата ZOOM во живо, каде што освен предавањата, предвидени се интерактивни активности преку прашалници и др.

Денеска се одржа првиот дел од обуката, каде што се зборуваше за безбедноста и здравјето при работа и превентивната култура, односно за тоа како треба да се заштитат вработените на работните места. Исто така беше опфатена и темата за проценка на ризик на работното место што е една од најдобрите алатки да се утврди ризикот на работното место. Свои излагања имаа м-р Милан Петковски, претседател на МЗЗПР како и Благоја Ралповски, претседател на КСС. На првиот дел од обуката учествуваа претставници од повеќе грански синдикати при Конфедерација на слободни синдикати на Македонија.


Видете следно

АНАЛИЗА: 40% од високо-образованите живеат и работат во странство!

Официјално – пописот во земјава почна. На 1 ви март започна попишувањето на нерезидентното население …