Breaking News

КСЗД ќе го презентира мислењето за предложениот Закон за административни службеници


Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) денеска на прес конференција ќе го презентира донесеното стручно мислење по однос на предложениот Закон за административни службеници.

-Комисијата ги разгледа Предлог-измените на Законот и утврди дека постојат одредби кои можат да предизвикаат повреда на правото на еднаквост кај административните службеници вработени во државните институции, соопштија од Комисијата.