Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба денеска ги повика сите земји кои имаат тенкови „Леопард 2″ да „обезбедат што е можно повеќе од нив” за да и помогнат на Украина да ја одбие руската инвазија.
„Значи, беше формирана тенковската коалиција. Сите оние кои се сомневаа дека тоа некогаш може да се случи, сега видоа: За Украина и нејзините партнери нема невозможно. Ги повикувам сите нови партнери кои имаат тенкови „Леопард 2″ во служба да се приклучат на коалицијата и да обезбедат што е можно повеќе од нив”, напиша тој на Твитер.
Во меѓувреме, Владата во Киев побара од своите западни сојузници да и обезбедат воени бродови и подморници, јави ДПА. рп/