Квалификувани сертификати за безбедно дигитално работење


Секоја компанија којашто решава да го започне процесот на дигитализација има иста цел – да ја унапреди работата и ефикасноста, а истовремено да обезбеди сигурност и заштита на податоците и документите. Квалификуваните сертификати за електронски потпис и печат овозможуваат електронско потпишување документи со највисоко ниво на заштита и доверба.   


Сѐ повеќе бизниси и поединци користат електронски потписи и услуги за доверба, а со зголемениот број на владини услуги достапни дигитално, се очекува да има и постојан раст на користењето на електронските потписи, како и на електронските печати.

Потенцијалот на овие доверливи  услуги е голем и време е истите да ги имплементирате во работењето на вашата компанија и да стекнете предност пред конкуренцијата.

Следната одлука којашто стои пред вас е изборот на соодветен и доверлив партнер за дигитализација, којшто ќе ви помогне да го поставите бизнисот на едно повисоко ниво и ќе ги увери клиентите дека можат да се потпрат на вас и да ви веруваат. Електронскиот потпис и печат како доверливи услуги ги нуди Македонски Телеком и се базираат на Квалификуван сертификат којшто го потврдува вашиот идентитет во работата со електронски документи.

Македонски Телеком е Квалификуван давател на доверливи услуги и го носи знакот за доверба којшто гарантира дека услугите за доверба што ги нуди компанијата ги исполнуваат правилата утврдени со домашната и европската законска рамка.

Изборот на вистинскиот деловен партнер ќе ви помогне полесно да ги исполните вашите цели. Одберете мудро и подгответе се за новиот бран на дигитална револуција во бизнисите.


Видете следно

Успешно заврши натпреварот Regional Youth Peace Lab 2021

На онлајн настан беа прогласени победниците на регионалниот натпревар Regional Youth Peace Lab 2021, на …