Ладна викенд препораки!


Престојот во природа, доволниот дневен внес на Ладна и редовната физичка активност се навики кои го штитат здравјето, а кои треба да ги негуваме уште од најраната возраст. Заедничкото семејно дружење пак придонесува за зближување и јакнење на самодовербата на децата за нивниот правилен ментален и физички развој.

Исто така е важно да ги научиме децата да се грижат и за животната средина, да се поврзат со природните ресурси, а најдобар начин за тоа е почесто организирање на престои во природа. А во Mакедонија навистина има каде да се оди, и сигурно постојат места кои досега не сте ги посетиле. За вашата следна авантура во природа, Ладна ви ги препорачува следниве дестинации:

1. Изберете ден со бистро небо, со најголема веројатност дека нема да се појават ноќта облаци и да ги скријат ѕвездите, соберете мала но сакана екипа и преноќете на Кокино. Ова место се вбројува меѓу античките опсерватории во светот, а според наодите на археолозите, на локалитетот немало живеалишта туку опсерваторијата била светилиште.
2. Кампување во бујната букова шума покрај Колешинските водопади, каде се слуша жуборкање на реката и црцорење на птици и штурци, е авантура за раскажување. Според мештаните на село Колешино, сѐ повеќе туристи доаѓаат да ја почувствуваат смирувачката енергија на водопадите.
3. Нашите краишта се полни со возбудливи природни богатства и убави широки пространства. Во Јанче може да берете овошје и зеленчук со мештаните, да јавате коњи и да вкусите мед и вино – слатки колку животот. А во Брајчино се оди на воздушна бања, се пешачи и планинари до Големо Езеро на Пелистер. Пониква е најчистиот еколошки крај во Осоговијата, со уредени пешачки патеки и ресторани со специјалитети од дивеч. А кој не бил во Вевчани, може да го смета за предлог број еден, иако карневалот уште одамна заврши. Вевчанските извори се бујни и студени, а Вевчанци имаат приказни за раскажување до зори.
Додека уживате во летните излети и прошетки, не заборавајте секогаш со себе да носите и доволна количина на Ладна. Нејзиниот совршено избалансиран состав и исклучително ниското ниво на натриум ја прави Ладна идеална за освежување и хидратација во секое време.
Ладна е идеалниот придружник на секое ваше патување и активност. Затоа, носете си Ладна со себе без разлика дали освојувате некој планински врв, одите на семејна авантура, на одмор или на бизнис патување. Една Ладна голтка ни го прави патувањето поубаво и поздраво.


Видете следно

Штип од вечерва ќе живее во ритамот на „Макфест”

Штип, 18 септември 2020 (МИА) – Фестивалот за музика „Макфест” – Штип почнува вечерва на …