Лагард побара да се регулира тргувањето со биткоин поради перење пари


Претседателот на Европската централна банка, Кристин Лагард, повика денес на глобално регулирање на трговијата со биткоин, наведувајќи дека оваа дигитална валута во некои случаи се користи за активности за перење пари и дека е потребно да се затворат сите „дупки“ во регулативата, пренесува Ројтерс.

Биткоинот излезе од својот мал „лажен пазар“ во последниве години и сега го купуваат обични луѓе, инвестициски фондови, па дури и големи корпорации. Некои дури земаат заеми за да го зголемат купувањето на таа криптовалута, чијашто вредност се зголеми десеткратно од минатиот март.

Сепак, нејзината главно анонимна природа предизвика загриженост дека може да се користи за перење пари и други нелегални активности.

„Биткоинот е високо шпекулативно средство кое се користи за некои чудни зделки и некои интересни и целосно неприфатливи активности за перење пари“, рече Лагард на конференцијата „Ројтерс Некст“.

Таа не наведе конкретни случаи во кои таа дигитална валута се користела за перење пари, но рече дека има информации дека се води кривична истрага против тие незаконски активности. Таа не даде повеќе детали за тоа.


Видете следно

Средба на министерот Спасовски со Вршителот на должност во Амбасадата на Државата Катар, шеик Јасим бин Хамад Ал-Тани.

Денеска, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски имаше работна средба со Вршителот на должност во …