Lenovo стапува во “PC plus” ерата


Шефот на кинеската Lenovo, која според некои истражувања веќе е производител № 1 во светот на компјутери, смета дека светот не оди кон “post-PC”, а во “PC plus” ера, соопшти Reuters.

Извршниот директор на компанијата Јан Јоанцин не се согласува со мислењето на основачот на Apple Стив Џобс за “посткомпјутерната” ера, бидејќи смета дека мобилните уреди нема да остраната традиционалните компјутери, туку ќе ги дополнат.

За време на интервјуто во рамките на најголемиот саем за потрошувачка електроника CES во Лас Вегас, Јан забележува дека “post-PC” дошла за оние производители кои не нудат иновации во своите компјутери.

Шефот на Lenovo не ја негира потребата од развој на мобилни производи. “Денес ние сме зафатени со реализацијата на проекти во нови области како што се создавањето на паметните телефони и таблетите. Подготвени сме за овој тренд “, истакнува Јан.

Lenovo претстави неколку модели паметни телефон во рамките на CES.


Видете следно

Повеќе од 60 издавачи од Северна Македонија, Унгарија, Србија, Косово, Албанија, Данска се дел од 31-то издание на Меѓународниот саем на книгата

Повеќе од 60 издавачи од Северна Македонија, Унгарија, Србија, Косово, Албанија, Данска се дел од …