Лео Меси во новата реклама на Samsung


Лео Меси еден oд најдобрите фудбалери на денешницата, ѕвездата на Барселона покажува дека освен на зелените терени одличнo се снаоѓа и во глумењето во новата реклама на Samsung посветена на работата на Galaxy Note 3 и паметниот часовник Galaxy Gear.

Аргентискиот фудбалер има улога на мистериозен бизнисмен кој уништува дел од стариот град за изградба на нов објект. Тоа што изненадува на крајот е дека неговиот проект е всушност изградба на фудбалско игралиште.

Samsung како и секогаш вложува многу пари во маркетинг кампањите кои имаат висок квалитет, па така и оваа со Лео Меси изгледа одлично. Во продолжение погледнете го целиот рекламен спот.

Извор: телефони.мк


Видете следно

Роденденски концерт со кинеската пијанистка Зи Зи

По повод 75 годишнината од формирањето, Филхармонија в четврток ќе одржи симфониски концерт симболично насловен …