Breaking News

ЛЕСС Куманово ќе работи на подигање на локалната економија


Локалниот економско социјален совет Куманово преку информативни сесии ќе ги информираа заинтересираните компании од градот за можноста за користење на ИПАРД средствата и фондови за инвестициите кои им стојат на располагање, информираше денеска претседателот на ЛЕСС, Најден Бајдевски.


Годинава акцент ќе се стави на економијата, развој на компаниите, можностите за искористување на потенцијалите на кумановските производни капацитети и намалување на невработеноста.
– Ќе организираме средби со сите институции кои се инволвирани во ова, да ги информираме компаниите дека може да се искористат до 65 проценти од вложените средства преку ИПАРД програмата за изградба на одредени објекти. Процедурите за вадење на градежна документација за изградба на одредени типови индустриски пбјекти трае од еден до два месеци. Тоа е важно, бидејќи за бргу време одредени индустриски објекти можат да се изградат на земјоделско земјиште, изјави Бајдевски.


Во Куманово има доста заинтересирани фирми за изградба на нови индустриски објекти и локалниот економско социјален совет ќе помогне навреме да се информираат. Околу градот има земјиште, кое e вон градежниот реон и може да се искористи.

– Најмногу енергија ќе потрошиме на индустријата, имаме тренд на иселување, вчера имаше податок за намалување на број на ученици во градот. Многу е важно да се креираат услови за работни места со соодветни примања со најмалку 1200 евра приходи за семејство, за да може да ги задржиме луѓето тука. Ако продолжиме како досега ќе нема кој да работи, вели Бајдевски.


Според проценките на бизнис заедницата има и нереални баратели на работа, сè помалку на работници кои можат да одговорат на пазарот на трудот. Со него се сложува претседателот на ЗКРСМ и на регионалната кумановска комора, Агрон Фазлији кој предупредува дека одредени занаетчиски дејности веќе се дефицитарни, електричари, водоинсталатери.

– Регионалната занаетчиска комора ќе придонесе за доквалификација на одредени кадри за да се задоволи пазарот на трудот, да се развијат микро и малите компании, столбот на локалната економија, кажа Фазлији.


ЛЕСС на денешниот состанок е во проширен состав со двајца нови члена од здружението на работодавци и еден од занаетчиите. Како надворешни соработници пак се поканети и претставници од женското претприемништво кој ќе рабои во склоп на ЛЕСС – Куманово, општински совет за социјална заштита, комисија за Локален економски развој.

Ахмет Јашаровски од општина Куманово и од ЛЕСС кажа дека на денешниот состанок дека новите тела самостојно ќе работата, но дека ќе разменуваат информации и средби со различни теми, вработување, социјала. ам/ир