Левица поднесува кривична пријава против премиерот Заев


Левица ќе поднесе кривична пријава против премиерот Зоран Заев поради прифаќањето на предлогот за името „Република Илинденска Македонија“. Тие велат дека Заев, со прифаќањето на прдлогот „Република Илинденска Македонија“ прави кривично дело против државата – „Загрозување на независноста“.

„Политичката партија Левица, утре (понеделник, 21 мај 2018 година), со почеток во 11:00 часот ќе одржи прес-конференција пред седиштето на Основното јавно обвинителство – Скопје, на која ќе ги објасни причините за поднесување на кривичната пријава против претседателот на Владата на РМ – г. Зоран Заев за сторено кривично дело против државата, по чл. 308 од Кривичниот законик на РМ [„Загрозување на независноста“].

Сметаме дека со прифаќањето на недостоинствениот предлог „Република Илинденска Македонија“ за севкупна употреба (надворешна и внатрешна), таксативно се исполнети сите законски елементи на посоченото тешко политичко кривично дело кое се гони по службена должност и за кое законот предвидува најмала казна од пет години затвор, па затоа претставници на нашиот правен тим ќе поднесат соодветна пријава до надлежното јавно обвинителство за понатамошно процесуирање.

Детали од наводите во пријавата ќе бидат изнесени на прес-конференцијата, соопшти Президиумот на ЛЕВИЦА.



Видете следно

Поднесено обвинение против лицето кое пукаше од полуавтоматско и автоматско оружје во скопско Бојане

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице кое се товари дека извршило …