ЛИДЕР проектот веќе 12 години успешно го поттикнува претприемништвото кај младите луѓе во земјата


Вчеравечер, во рамки на програмата за бизнис и претприемништво – ЛИДЕР проект, организирана од Македонија 2025, се одржа настан за вмрежување, каде годинешните учесници, алумни, партнери и други поддржувачи на проектот, во неформална атмосфера имаа можност да дискутираат за позитивното влијание на програмата врз квалитетот на бизнисите и нејзиниот значаен удел во поттикнување на конкурентноста, претприемништвото, иновациите и лидерството базирано на вредности. На настанот се обратија проф. др. Никица Мојсоска Блажевски, главен извршен директор на Македонија2025, понатаму директорот на Фондот за иновации и технолошки развој – Јован Деспотовски, Амбасадорката на Канада во Србија, Северна Македонија и Црна Гора – Н.Е. Кати Чаба, како и Виктор Мизо – директор на „Костал“ и претседавач на ЛИДЕР проектот оваа година.

Се надевам дека ова двонеделно искуство ќе ви помогне вам, годинешните учесници, да ги развиете и усовршите вештините од областа на финансии, маркетинг, лидерство, продажба, промоција, кои пак ќе ви помогнат во вашиот професионалниот напредок и реализација на целосниот потенцијал. Преку стекнување на овие вештини, вие ја имате можноста да станете лидери во вашата област, без разлика дали ќе основате свој бизнис или ќе работите во корпорација. Бизнис школата Ричард Ајви е една од најдобрите школи во Канада и чест ни е штo Македонија2025 по дванаестти пат успешно го организира ЛИДЕР проектот.“ – изјави Н.Е. Кати Чаба, Амбасадорка на Канада во Србија, Северна Македонија и Црна Гора.

Како директор на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски, ги посочи големиот број на можности за финансирање и поддршка на постоечките и идни бизниси.

„Во Фондот за иновации и технолошки развој, нудиме голем број на иницијативи наменети за младите. Веќе имаме засебна програма која е фокусирана исклучиво на стартап компаниите. Во склоп на истата, минатата година пристигнаа 200 апликации, од кои најдобрите 60 добија финансии, техничка поддршка и менторство. Би сакал да порачам најдобро да го искористите она што го нуди ЛИДЕР проектот, а потоа да аплицирате на некој од нашите повици. Наша цел е да помогнеме на што поголем број стартапи и да бидеме ваш партнер во бизнисите кои сакате да ги развиете.“ – истакна Деспотовски.

Македонија2025 досега има овозможено учество на повеќе од 400 идни и сегашни претприемачи да бидат дел од оваа програма, а со тоа и во чекор со најновите светски трендови во деловниот свет. Годинешниот ЛИДЕР проект завршува на 17-ти мај (петок) , со презентација на бизнис идеите на учесниците пред стручно жири, составено од истакнати претставници на бизнис секторот во земјата.

 


Видете следно

Кина го покажа возот прототип на маглев, кој достигнува брзина од 600 км / ч

Нов “лебдечки” воз, кој може да достигне брзина од 600 км / ч, прототип на …