Лидери на балканот со инвестиции од 10 милијарди евра!


Со цел подобрување на условите за живеење, побрза европска интеграција на нашата земја и зголемување на економскиот раст за приближување до европската економија и  вредности,  Асоцијацијата на проект менаџери на Македонија предлага идејни решенија за проектирање на капитални инвестициски проекти со кои ќе се аплицира во Европскиот инвестициски фонд  на ЕУ.

Постои објективна можност Македонија да стане лидер во регионот, со драстично намалување на  трговскиот дефицит на земјата, со драстично намалување на аерозагадувањето, со намалување на невработеноста и повеќекратно  зголемување  на конкурентноста на домашните компании.

Во фазата на аплицирање потребна е интеграција на сите чинители поврзани со проектните активности за успешна реализација на прифатените проекти.  Тоа е државна поддршка со гарантен фонд од близу 1 милијарда евра,  взаемна соработка со стопанските комори и  поддршка од домашни и  западно-европски консултантски куќи.

Накусо, Ви ги претставуваме насловите на дел од идејните решенија на проектите на кои се работи и со кои ќе се постигне најголем ефект во подобрување на квалитетот на граѓаните на нашата земја.

Според  искуства од останати напредни општества, проектите   имаат висок коефициент за повраток на инвестицијата  на краток, среден и долг рок.

Проект „ State and public administration reform

Проектот „State and public administration reform “  рационално ќе го искористи и фокусира капацитетот на администрацијата во интерес на подобрување на квалитетот на живеење за сите граѓани во Македонија.  Нема да има потреба од намалување на  работни места, напротив ќе создаде динамична и ефективна работна околина.

Активностите во рамките на проектот се состојат од формирање на проектни тимови од државната и јавната администрација кои се обучени за подготовка и реализација на проекти финансирани од ЕУ фондови.

Согласно инвестициските програми на централната и локалната власт , проектните тимови ќе аплицираат за грантови од Европската унија  во износ од приближно 10 милијарди евра.

Проектните тимови ќе работат на следните програмски приоритети : Енергетика, Здравство, Инфраструктура, Туризам, Образование, Екологија и заштита на животна средина,  Индустрија и Земјоделие.

  1. Програма Енергетика

Програмата Енергетика се состои од следните проекти за краток и среден рок :

Проект „Sun Power

Проектот „Sun Power“ се состои од изградба на фотоволтаични централи со големи капацитети за производство на електрична енергија од сонце ширум целата земја,  со цел  да го сведе на минимум увозот на електричната енергија.

Изградбата на фотоволтаичните централи ќе се врши на територија на цела Македонија, исклучиво на неплодни и необработливи земјишта .

Цели :

  • Намалување на трговскиот дефицит предизвикан од увозот на електричната енергија
  • Производство на ел.енергија од обновливи извори
  • Искористување на неплодни земјишта
  • Намалување на невработеноста

 

Проект „Wind power

Проектот „Wind power“ се состои од изградба на ветерници со  големи капацитети  за производство на електрична енергија од  ветер ширум целата земја.

Цели :

–              Намалување  на трговскиот дефицит предизвикан од увозот на електричната енергија

–              Производство на ел.енергија од обновливи извори

–              Искористување на неплодни земјишта

–              Намалување на невработеноста

 

  1. Програма Здравство

Програмата Здравство ќе се фокусира во инвестиција на најбараните здравствени услуги во светски рамки, односно трансплантацијата и пластичната хирургија. Програмата ќе имплицира раст и во останатите економски гранки.

Програмата се состои од следните проекти:

Проект „Golden surgery

Проектот се состои од изградба на најсовремени клинички комплекси  за трансплантација и пластична хирургија.  Клиничките комплекси ќе се градат во источниот и западниот дел на Македонија.  Проектот ќе опфати и поволности за привлекување на врвни светски хирурзи за работа во клиниките.

Целта на проектот е да се обезбеди одржлив развој со  клиенти од балканот и југоисточна Европа .

Проект „Dental world

Проектот се состои од изградба на најсовремени комплекси на стоматолошки ординации лоцирани во градовите кои се наоѓаат во близина на граничните премини.

Целта на проектот е да се обезбеди одржлив развој со  клиенти од балканот и југоисточна Европа

  1. Програма Инфраструктура

Програмата инфраструктура се состои од инвестиција на  проекти на државно и локално ниво за реализација на инфраструктурата согласно планската документација .

Имено програмата ќе ги содржи листа од сите приоритетни инфраструктурни проекти од општините кои се предвидени согласно ДУПовите и ќе овозможи нивно финансирање преку грантовата шема на ЕУ.

Проект „Hi level maintenance

Проектот се состои од темелна поправка на сите градски, приградски и рурални улици (нивелирање на шахти), нови рабници, обележување, сигнализација, пешачки патеки, патеки за велосипеди и електрични тротинети.

Обнова на сите постоечки зелени површини и поставување на нови контејнери за селектирање на отпад.

Целта на проектот е да се постигне високо ниво и свест за одржување на објектите и инфраструктурата која претставува јавно добро.

На национално ниво предвиден е следниот проект :

Проект „Smart highways

Проектот се состои од изградба на ултра брзи smart автопати од северна кон јужна граница и од источна кон западна граница.

Целта на проектот е да се овозможи лесна комуникација со соседните земји  во насока на олеснет пристап на странските посетители до услугите кои ги нуди земјата и зголемена фрекфенција на домашни и странски патници.

Линк од пример :

Проект „Electric public transport

Проектот се состои од набавка и пуштање во погон на автобуси на електричен погон  од домашно производство . Зголемување на бројката на автобуси и измена на возниот ред во интерес на патниците.

Целта на проектот е подобрување на услугите на јавниот превоз и намалување на загадувањето од издувни гасови.

Проект „Electric national transport

Проектот се состои од набавка и пуштање во погон на автобуси за меѓуградски превоз  на електричен погон  од  домашно производство . Зголемување на бројката на автобуси и измена на возниот ред во интерес на патниците.

Целта на проектот е подобрување на услугите на меѓуградскиот превоз и намалување на загадувањето од издувни гасови.

  1. Програма Туризам

Нашата земја е позната туристичка дестинација, меѓутоа сеуште има простор за максимално искористување на  ресурсите и подобрување на капацитетите со цел масовно привлекување на туристи од целиот свет.

Еден од највпечатливите ресурси во оваа гранка што не е доволно искористен е македонската кујна која изобилува со вкусни и врвни специјалитети .

За таа цел го предлагаме проектот :

Проект „ Delicious kitchen“

Проектот се состои од адаптација на постоечки и изградба на нови комплекси од ресторани и хотели  кои нудат врвни специјалитети од македонската кујна.  Лоцирани покрај новите клинички центри, покрај автопатот север – југ и исток –запад, на познати локации во близина на граничните премини.

Комплексите ќе нудат поволни услови за угостителите кои ќе нудат ресторантски услуги со македонска кујна.

Целта е да се достигне максимум во делот од гастрономски туризам, односно Македонија да биде на врвот во гастрономскиот туризам во Европа.

  1. Програма Образование

Во програмата образование  фокусот е насочен кон професиите кои се најбарани и кон дуалното образование. Во таа насока се предлагаат следните проекти:

Проект „Free programmers courses with employment“

Проектот се состои од обуки за формирање на стручен кадар и прекфалификација на кадри за програмери, графички дизајн, интернет маркетинг со добивање на сертификат . Проектот опфаќа и вработување на апликантите во софтверски компании со кои ќе се склучи договор за соработка

Целта на проектот е да се намали невработеноста со формирање на кадри од дефицитарни и добро платени професии.

Проект „From school to work

Проектот се состои од воспоставување на пракса во компании за ученици во средно насочено образование со можност за нивно вработување во компанијата во која посетувале пракса.

Целта на проектот е создавање на стручни кадри за дефицитарни професии како што се електромонтери, водомонтери , парно монтери, машинобравари, градежници и др.

  1. Програма Екологија и заштита на животна средина

Во рамките на програмата Екологија и заштита на животната средина има повеќе идејни решенија  во повеќе области со приоритетот на аерозагадувањето.

Во таа насока ги предлагаме следните проекти:

Проект „Zero dust

Проектот се состои во строга контрола на извори на тврди честици и прашина во најзагадените градови. Чистење на целокупниот прав од асфалтните и бетонските површини. Секоја земјена површина на јавен простор се озеленува со тревници или се асфалтира.

Целта на проектот е да се намали загадувањето од тврди честици со приоритет во најзагадените градови, а потоа и во сите населени места.

Проект „City trees for high polluted cities

Проектот се состои од набавка и поставување на урбана опрема City treesво најзагадените делови од градовите во Македонија. Урбаната опрема  City trees е составена од зелен мов кој има највисок степен на апсорбција на честици од воздухот.

Целта на проектот е намалување на аерозагадувањето во најкритичните делови од градовите.

Проект „Thermal facade for every home

Проектот се состои од субвенции за монтажа на термофасада на објекти за индивидуално и колективно домување .

Целта на проектот е намалување на аерозагадувањето и намалување на трошоците за греење на граѓаните.

Проект „Replacement firewood with pellets

Освен што се предлагаат законски измени каде што се претполага забрана на сеча на дрва и употреба на дрва за огрев со кривична одговорност , проектот опфаќа инвестиција во набавка на печки на пелети и бесплатна испорака на домаќинства кои досега користеле огревно дрво за затоплување.

Целта на проектот е намалување на аерозагадувањето во областите со висок степен на загадување.

 

  1. Програма Индустрија

За целосно покривање на домашниот пазар и остварување на извоз, анализата покажува дека од повеќе степено значење е инвестирање во следните проекти :

Проект „ Subventions for an electric car manufacturing plant“

Проектот се состои од субвенционирање на инвеститори во изградба на фабрики за производство на електрични автомобили со специјална квота на автомобили за домашниот пазар.

Примарна цел е воспоставување на брза динамика во замена на возилата на моторен погон со возила на електричен погон во земјата.

Останати цели : лидери во југоисточна Европа со електрични возила по глава на жител. Намалување на невработеноста, намалување на аерозагадување.

 

Проект „Subventions for photovoltaic plants

Проектот се состои од субвенционирање на инвеститори во изградба на фабрики за производство на фотоволтаици за домашен пазар и извоз. Фабриките ќе претставуваат поддршка за изградба на нови фотоволтаични централи и резервни делови за истите.

Цел : Македонија да претставува лидер во југоисточна Европа во производство на опрема за производство на ел.енергија од  сонце.

  

  1. Програма Земјоделие

Фокусот на програмата земјоделие е во преработката на овошјето и зеленчукот што покажува висок процент на профитабилност и одржливост.

Проект „Subventions for dry fruit & vegetable plants

Проектот се состои од субвенционирање на фабрики за производство на сушено и замрзнато овошје и зеленчук.

Целта на проектот е да се искористи целокупното органско производство на овошје и зеленчук кое не може да се пласира свежо.

Планираниот вкупен износ на инвестициите изнесува 10 милијарди евра и финансирањето би се извршило преку :

  • Обезбедување на средства преку ЕУ фондови во износ од 9 милијарди евра
  • Гарантен фонд на Република Македонија 1 милијарда евра

Асоцијацијата на проект менаџери на Македонија е отворена за соработка со сите чинители во креирање и реализација на одржливи проекти од јавен интерес.

Со почит,

Марјан Наумовски, м-р Проектен менаџмент

претседател на Асоцијација на проект менаџери на Македонија


Видете следно

По 10.000 денари за првенците на генерација во Општина Аеродром

 Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, денеска им додели пофалници и еднократна парична награда во …