Лихтенштајн ја отклучува банкарската тајна


Премиерот на Лихтенштајн Адријан Хаслер изјави дека кнежеството е подготвено да разговара за автоматска размена на информации за банкарски клиенти со ЕУ, пренесоа американските медиуми и Франс прес.

Во интервјуто објавено од германскиот весник “Ханделсблат”, Хаслер наведува дека малата алпска земја би размислувала да го следи примерот на Австрија и Луксембург. Двете држави беа под силен притисок, за да им помагаат на другите земји членки на ЕУ да воведат строга контрола над прикривачите на даноци. Лихтенштајн не е член на ЕУ, потсетува АП.

Хаслер изјави дека предуслов за дополнително олабавување на правилата за банкарската тајна во Луксембург ќе биде на клиентите да се обезбеди можност за “даночна чесност”, која ќе им заштеди големи парични казни и затвор.

Германците одамна ги користат банкарските трезори во Лихтенштајн и соседна Швајцарија, која исто така е надвор од ЕУ.


Видете следно

Република Северна Македонија и Светската банка ќе склучат Договор за заем во износ од 125.000.000 евра

Владата на Република Северна Македонија го утврди текстот на Предлог на Закон за задолжување на …