Линдт го отвори најголемиот музеј и најголемата фонтана за чоколади во светот (фотографии и видео)


Вчера во Цирих беше отворен Домот на чоколадо Lindt (Chocolate House of Lindt) – рај за секој што сака чоколадо.

Музејот ги носи своите гости на интерактивно патување, за време на кое им ги покажува „седумте чоколадни светови“ – од одгледување зрна какао до производство на чоколадо.

Експонатите ја раскажуваат приказната за швајцарското производство на чоколадо не само на Линдт, туку и на неговите славни претходници.

На пример, во Lindt Chocolateria, гостите можат да создадат свои вкусни колачи за време на час по готвење.

Исто така, задолжителна е и просторијата за дегустација на пралини (кондиторски производ кој главно се состои од кршен карамелизиран шеќер и ореви, најчесто бадеми), а има и кафуле „Линдт“.

Lindt Home of Chocolate може да се пофали со уште еден рекорд: најголемата фонтана за чоколади во светот.

Издигнувајќи се на висина од околу 9 метри, оваа фонтана која го одзема здивот го победи претходниот рекорд. Ова е воедно и поздрав до гостите на влезот, поставувајќи го тонот на чоколадното искуство што ги чека.

Фабриката Lindt & Sprüngli се наоѓа во Килчберг, Цирих, од 1899 година.

Чоколадниот дом на Линдт, проект на кој работиме седум години, е дизајниран совршено да ја надополни оваа историска зграда и да послужи како светилник за љубителите на чоколадо ширум светот.


Видете следно

Веднаш да престанат вербалните и сите други напади кон новинарите, порачаа ЗНМ и СЕММ

Периодов продолжуваат серија вербални или напади преку социјалните мрежи, како и закани кон новинарите во …