Лондон е најскапата туристичка дестинација во светот


Лондон е најскапата туристичка дестинација во светот, покажува истражувањето на TripAdvisor. Вечера за двајца со вино и коктели, две кратки патувања со такси и ноќевање во хотел со четири ѕвездички во британската престолнина чинат 561 долари, пишува Daily Mail.

Париз се рангираше на второто место во рангирањето на TripAdvisor, каде пакетот излегува 550 долари, следен од Њујорк со 540 долари и Стокхолм со 516 долари. Во првите десет се наоѓаат и градовите Сиднеј, Осло, Цирих, Копенхаген, Хелсинки и Торонто.

Најевтина дестинација во светот е Ханој во Виетнам, каде што пакетот чини 165 долари. Втора е Џакарта (Индонезија), следена од Шарм ел Шеик (Египет) и Бангкок (Тајланд).

Топ 10 се дополнува со Кејптаун (ЈАР), Мумбаи (Индија), Куала Лампур (Малезија), Прага (Чешка) и Будимпешта (Унгарија).



Видете следно

Од денеска до 3 ноември, во МСУ ИЗЛОЖБА НА 17 ИДЕЈНИ РЕШЕНИЈА ЗА УРЕДУВАЊЕ НА КАЛЕ

Градоначалникот Шилегов денеска присуствуваше на отворањето на изложбата „Уметничка тврдина: Меѓународен конкурс за изработка на …