Лос Анџелес го намали буџетот за полицијата за 150 милиони долари


Градските власти изгласаа намалување на буџетот за полициското одделение во Лос Анџелес за 150 милиони долари, со што ќе се намали бројот на полицајци на нивото од пред повеќе од 10 години.

Околу две третини од парите се наменети за прекувремена работа од страна на полициските службеници и ќе бидат искористени за обезбедување услуги и програми за малцински заедници, вклучително и програма за младинска работа во текот на летото.

Градскиот совет гласаше со 12 наспроти 2 за намалување на бројот на полицајци од 9.988 минатиот месец на 9.757 до следното лето, напуштајќи ја целта да достигне 10.000 полицајци, што беше постигнато само во 2013 година.

– Ова е чекор напред, поддржувајќи ги малцинските заедници на начинот на кој тие го заслужуваат, со почит, достоинство и рамномерно услови, рече советникот Карен Прајс.

Други градови низ САД, исто така, ги намалија буџетите за полицијата или имаат намера да го сторат тоа.

Лос Анџелес, 2 јули 2020 (МИА)


Видете следно

Цените на скапоцените металите се зголемуваат, унца злато 2.069 долари

Лондон, 6 август 2020 (МИА) – Цената на златото денеска се искачи на ново рекордно ниво, бидејќи пандемијата …