Лошите кредити во Шпанија достигнаа до 10,9%


Централната банка на Шпанија објави дека за еден месец зголемувањето е 0,4 процентни поени. Сепак процентот останува под рекордните 11.4%, кои беа постигнати во ноември 2012 година.

Номинално лошите кредити се проценуваат на 167.1 милијарди евра, додека во март беа 163.3 милијарди евра, а во ноември 2012 година – 191.6 милијарди евра.

Вкупно кредитите се намалија со 12% во април до 1.537 трилиони. евра. Падот исто така влијае врз показателите за лоши кредити.

Лошите кредити се зголемија десеткратно од 2007 година. Тоа се одразило негативно на економијата, која од тогаш е во рецесија. Невработеноста пак достигнала 27%.


Видете следно

Одржана работна средба помеѓу министрите за внатрешни работи на Република Северна Македонија и на Република Финска

Денеска во Министерството за внатрешни работи се одржа работна средба помеѓу министрите за внатрешни работи …