Луѓето работат само за да преживеат, а не преживуваат лесно. Си ја мразат работата, се полнат со стрес …


„Тешко било човек сам да си произведе храна за себе и за своето семејство. Требало да се копа, да се плеви, сади… барало многу напор, многу работа, а и многу време така одело… Ова го слушам од луѓе кои работат 8 часа шест дена во неделата + еден до два часа заглавуваат во сообраќај, + еден до два часа дневно трошат на спремање за работа или одмор после работа. Луѓе кои одат со автомобил до теретана, плаќаат за да дигаат тегови, да возат статичен велосипед… луѓе кои патат од хронични заболувања, имаат проблеми со тежина, имаат слаб имунитет, а се тешат дека денес и онака не е ништо здраво… И на крај истите тие се жалат дека немаат пари, едвај крпат крај со крај, немаат за јадење… Овој начин на живот можам да го оправдам само во случај да тие 8 часа работа и тие 3-4 часа изгубени во подготовки и превоз до работа, се потрошени на работа што човекот навистина ја сака, работа која го инспирира, во која верува, со која напредува во повеке свери и е корисна за опкружувањето, но за жал кај нас луѓето работат само за да преживеат,а не преживуваат лесно. Си ја мразат работата, се полнат со стрес, се разболуваат. Истовремено прават грешки, повредуваат други луѓе, не си ја вршат добро својата дејност, не се однесуваат одговорно, бидејки не ги интересира она што го работат, ги интересира платата која ке ја потрошат на лекови, лоша храна, статичен точак и некои други слични третмани со кои ке си ја замаскираат мизеријата. Не е тешко да си создадеш сам храна, не е тешко сам да си направиш облека, да си направиш сам мебел и се друго што ти треба. Кога се сакаш себе си и си ги сакаш своите блиски, ништо не е тешко. сето друго се само изговори, не превземање одговорност над сопствениот живот и страв да се излезе од комфорната зона.“

Facebook статус: Елена Доленц


Видете следно

Обединета Европа на 19. Моден Викенд Скопје

Шоурум со ексклузивни парчиња од дваесет и осум претставници на седумнаесет различни земји, гостување со …