Лукаревска: „Можеме” е модел за напредок на државата, за раст на платите и пензиите и за грижа за сите граѓани


Носителката од Коалцијата „Можеме” во втората изборна единица Сања Лукаревска, денеска остварува повеќе теренски активности во Куманово, од каде порача дека Владата предводена од СДСМ во изминатите три години целосно се посвети на создавање цврсти основи за сигурна и безбедна иднина на државата.

Таа потенцираше дека програмата „Можеме” креира политики со кои се обезбедува одржлив развој.

– Нашата понуда во програмата „Можеме” за раст на платите и пензиите, за грижа за сите граѓани и за да продолжиме заедно на исправниот пат. Столбовите на коишто ја темелиме нашата понуда е развојот на македонската економија, на грижата за ранливите категории, на обезбедување здрава животна средина, заштита на здравјето на граѓаните, загарантирана правда за сите, и на продолжување на интегративниот процес во Европската Унија, рече Лукаревска.

Носителката на листа на ИЕ2 се задржа и на состојбата судството и на понудата во програмата „Можеме” во која е и решението за создавање правна и праведна држава .

– Ние имаме јасна визија каква држава сакаме да биде Република Северна Македонија во 2024 година. Држава, во која целосно се расчистени остатоците од режимот во судството. Правосудството еднаш засекогаш мора да се прочисти од корумпираните судии, а и обвинители. И токму затоа започнува детална проверка на имотната состојба на сите судии и на сите обвинители, рече Лукаревска

Лукаревска во Куманово ја посети Соколана еден од првите спортски домови во нашата држава и најави дека во следнио мандат стартува реконструкцијата со што ќе се исполни сонот на многу спортски работници.

Куманово, 28 јуни 2020 (МИА)


Видете следно

Богатството на Закерберг надмина 100 милијарди долари

Сан Франциско, 7 август 2020 (МИА) – Нето вредноста на богатството на извршниот директор на Фејсбук, …