“Лукоил” се насочува кон азискиот пазар


Рускиот нафтен гигант ОАО “Лукоил” ќе бара кинески партнери, за да го прошири бизнисот во Источна Азија. Оваа недела извршниот директор на компанијата Вагит Алекперов има средби со претставници на кинеската државна нафтена компанија, со кои ќе се дискутираат можните области на соработка.

Алекперов соопшти дека желбата на компанијата е да се зголеми извозот на сурова нафта и нафтени деривати за Кина и други Источни пазари.

Податоците на американската влада покажуваат дека во септември Кина е понапред од САД и веќе е најголемиот увозник на нафта во светот. Меѓу причините за поместување се како големите наоѓалишта на гас од шкрилци во САД, така и зголемениот број на возила во Кина.

Вагит Алекперов соопшти дека намерите на “Лукоил” се протегаат дури и подалеку. Компанијата планира котација на берзата во Хонг Конг, но засега процесот се одложува од регулаторните органи.


Видете следно

Јовица Ивановски со стихозбирката „Човек“ добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2019 година

„Јовица Ивановски со стихозбирката „Човек” е добитникот на годинашната награда „Браќа Миладиновци”, која ја доделува …