“Лукоил” се разделува со бизнисот во Украина, го продава на Австријците


Руската нафтена компанија “Лукоил” се договорила да продаде 240 бензински пумпи и 6 нафтени бази, на австриската AMIC Energy Management, соопшти сајтот Mediapool.

“Продажбата на синџирот на бензински пумпи и на нафтените бази во Украина на AMIC ќе им овозможи на “Лукоил” да ја оптимизираат структурата на средствата и системот за управување со трговската мрежа во Западна Европа, кое има важно значење за зголемување на ефикасноста на нашиот бизнис во областа на продажба на нафтени производи”, вели потпретседателот на “Лукоил” Вадим Воробов.

Во соопштението се истакнува дека преговорите биле спроведени по иницијатива на австриската страна, која пројавила интерес за стекнување на средствата.

“Со оглед дека “Лукоил-Украина” е во првите пет на пазарот на горива во Украина по бројот на бензинските пумпи и обем на продажбата на мало, нејзиното стекнување претставува стратешки важен чекор кон зајакнување на инвестициското портфолио на AMIC во Централна и Источна Европа”, коментираше директорпт на AMIC Energy Management Гинтер Мајер.

“Лукоил” наведува дека во моментов се врши проценка на средствата и компаниите се подготвуваат да го потпишат договорот за продажба. “Лукоил” не ги открива финансиските параметри на договорот.


Видете следно

Кој е новиот починат пациент од коронавирус ?!

Министерството за здравство информира дека утрово на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во …