Луксембург ќе воведе поголема транспарентност на банкарскиот сектор


Луксембург размислува да воведе поголема транспарентност во банкарскиот сектор. Целта е да се запре даночно затајување, коментира министерот за финансии пред германски весник. Во интервјуто објавено во неделата, Лук Фријден изјавил дека сака да ја “зајакне соработката со странските даночни органи”.

Луксембург е позната со премногу таен банкарски сектор. Германија е меѓу земјите кои тврдат дека државата се користи од страна на странски клиенти како даночен рај. Во интервју за германскиот весник “Франкфуртер алгемајне зонтагцајтунг”, Фрид признава дека другите земји стануваат повнимателни кон информациите за тоа што прават нивните граѓани со парите во странски банки.

“Меѓународниот тренд е во автоматска размена на информации за банкарските депозити. Веќе нема да се противиме на тоа”, вели Фрид.

Во петокот Германија потпиша договор против затајувањето на данок со Швајцарија – друга европска земја која е банкарски центар, познат по својата тајност. Договорот има за цел да им овозможи на Германија да ги врати назад платените даноци од германските вложувачи, кои кријат пари во швајцарски банки.

Луксембург е земја со едвај 500 000 жители, но нејзините банки и други финансиски институции имаат средства во вредност од повеќе од 20 пати над бруто домашниот производ на земјата.


Видете следно

Колку пари денес вреди биткоинот?

Биткоинот и скоро сите криптовалути претрпеа корекција минатата недела. Претходниот викенд вредеше 58 000 долари …