Breaking News

Лула да Силва предложи јужноамериканските лидери да создадат нова валута конкурент на американскиот долар


Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва им предложи на јужноамериканските лидери собрани на самитот во Бразилија да создадат нова валута – конкурент на американскиот долар.


„Денеска ги преземаме нашите први чекори за да го продолжиме дијалогот меѓу нас“, рече тој на отворањето на состанокот пред неговите јужноамерикански колеги, од кои отсуствуваше само претседателот на Перу.


Бразилскиот претседател повика на зајакнување на економската, културната и социјалната интеграција на земјите од Јужна Америка.

Тој, исто така, предложи создавање регионален енергетски пазар, како и преземање координирана акција за справување со климатските промени.


Шефот на бразилската држава изрази жалење што во последните години интеграцијата на земјите од Јужна Америка беше прекината од конзервативните влади и дека идеолошките поделби ги поткопаа претходните обиди за соработка.

Денешниот форум во Бразил беше првиот самит на јужноамерикански лидери по повеќе од 10 години. зш/ .


Извор: МИА