Љупчо Палевски приведен на белградскиот аеродром


Љупчо Палевски, генералниот секретар на партијата, „Глас за Македонија“, е приведен од страна на српската полиција на аеродромот во Белград „Никола Тесла“ и во моментов се наоѓа во екстрадициски притвор.

Приведувањето, се случило вчера околу 19,00 часот по потерница распишана од Република Хрватска.

–Сомнително е како потерницата не била активна во 14,00 часот кога Палевски влегол во Србија од Македонија, а по само неколку часа тој е приведен од српската полиција“, вели адвокатот Стојков за „360 степени“.

Адвокатот тврди дека хрватските власти го бараат Палевски за долг на негова фирма во Хрватска од 2,5 илјади евра.

Палевски беше еден од предводниците на протестите против промената на името и е политички активен во партијата „Глас за Македонија“ на Солза Грчева, кон која неодамна го приклучи свото движење „Трета“.


Видете следно

По 10.000 денари за првенците на генерација во Општина Аеродром

 Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, денеска им додели пофалници и еднократна парична награда во …