Извор фото: Бизнис Инсајдер

Мадуро објасни: Ние не сакаме војна, ние сме мирен народ


Боливарска република Венецуела потекнува од 1999, кога е и донесен новиот Устав на Венецуела. Тоа е дел од концептот за Боливарска револуција на венецуелскиот претседател Уго Чавез, а е инспириран од латино-американскиот борец за независност Симон Боливар. Како резултат на непопуларното владеење на Перес, во 1992 година се извршени два обиди за државен удар, од кои првиот бил предводен од Уго Чавез.

На претседателските избори во 1998 година победа извојува Уго Чавез (1954-2013), кој откако доаѓа на власт почнува да спроведува социјални реформи во прилог на сиромашното мнозинство во Венецуела. Во април 2002 е извршен неуспешен воен удар против него, по чиј неуспешен крај, владата на Чавез почнува да спроведува уште порадикални социјални реформи, насочени кон воведување демократски социјализам и партиципативна демократија во Венецуела.

Ситуацијата во Венецуела, која се бори да ја надмине политичката криза поради одбивањето на опозицијата да го признае минатогодишниот реизбор на претседателот Николас Мадуро, значително ескалираше на 21 јануари, кога Националното собрание контролирано од опозицијата го прогласи Мадуро за узурпатор.

Според Мадуро, проблемите потекнуваат од САД и политиките на Доналд Трамп. Погледнете го видеото во кое тој кажува за тековните проблеми на Венецуела.


Видете следно

Ременски: И не мразам никого, не дозволив да ме исфрустрираат транзиционите политичари

За Фри-Шопот и стечајците … На граничниот премин Деве Баир во Крива Паланка во меѓуграничната …